Стриптиз шоу на Катица Јанева во Државниот завод за ревизија

По скандалозниот настап во судница, поранешната специјална јавна обвинителка денеска приредила ново вулгарно шоу, и тоа во Државниот Завод за Ревизија дознава Алфа. Според нашите информации денеска во 10 часот и  30 минути  таа по наредба на Скопскиот Кривичен Суд од куќен притвор била спроведена во Државниот Завод на Ревизија во Палатата „Емануел Чучков“ како што дознава Алфа. Откако започнал работниот состанок со претставници на ДЗР, Јанева почнала  дрско да се однесува од засега нејасни причини.  Почнала дрско и непристојно да се однесува во канцеларија,  состојбата кулминирала со што поранешната специјална обвинителка ја соблекла својата облека и во канцеларијата со ревизорите останала по гаќи и градник. Таа одбила да даде каква било изјава во врска со настанот. Полицијата направила записник и бил константиран прекршок . Стриптизот Јанева ќе ја чини од 100 до  400 ревра  тоа го предвидува членот 4 од  Законот за прекршоци на јавниот ред и мир. Засега нема други детали за скандалот ниту пак информации зошто Јанева била спроведена во Државниот Завод за ревизија. Инаку вчера Јанева во судница ги даде своите завршни зборови во случајот против неа. Таа трди декае невина за Рекетот, бара ослободителна пресуда. Притоа таа испрати навредливи зборови кон брачниот пар Камчеви и нејзина колешка Русковска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста