Стравува ли Владата дека случајот за Камчев ќе биде плус пречка за почетокот на преговарачкиот процес со ЕУ?

Ќе стане ли случајот со Јордан Камчев дополнителна пречка за македонските преговори со Европската унија. Последните реакции од официјална Софија, која одблиску се интересираше и се запозна со условите во Шутка каде веќе осми месец се наоѓа македонскиот бизнсимен само ги прошири шпекулациите за ова можно сценарио. Конкретно од бугарската страна за вакво нешто нема каква било информација. Но бугарските претставници кои во петокот го посетија Камчев изнесоа низа критики и реакции за неговата состојба, но и општо за условите во кои се држат притворениците во Република Македонија.

Од Владата не сакаат да коментираат ништо околу целито случај, ниту пак за можното несакано сценарио со проширувањето на блокадата. Од Владата веллат дека согласно ебропските практики се држат настрана од судството:

Владата секогаш била и е транспарентна за случајот за кој прашувате. Би сакале уште еднаш да повториме дека во однос на постапувањето на судиите по конкретни предмети Владата нема никакви надлежности. Почитувајќи го принципот на независност на судството, како Влада не коментираме одлуки на судовите. Впрочем, токму независноста на судството и владеењето на правото е во сржта на условите за членство во ЕУ – велат од Владата за Алфа.

За состојбата со Камчев алармот не доаѓа само од соседна Бугарија. Голема врева се крена уште неодамна по посетата на поранешниот еврокомесар Јан Фигел кој исто така го посети Камчев во притворот и исто како и бугарските претставници изнесе низа сериоозни критики кон надлежните во државата. Фигел дури и предупреди дека осостојбата на Камчев е премногу сериозна и од здравствен аспект за тој да мора да се и во притвор, иако досега неколкупати понуди милионски гаранции за да се брани од слобода или домашен притвор. Она што дополнително го компромитира целиот случај, а што во забелешките го наведоа и бугарските претставници е случајот со Агенцијата за национална безбедност, по чија белешка за наводно бегство Камчев завршу во притвор. Тој што ја потпишал деновиве заработи кривична пријава како осомничен за измама и уцена на бизнисмен.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста