Стравот помеѓу луѓето расте, како да се остане смирен за време на Коронавирусот

Како да се остане смирен кога паниката расте, како што расте и бројот на заболени. Психијатрите апелираат да се остане смирен. Стравот помеѓу луѓето расте, како да се остане смирен за време на пандемијата со Коронавирусот.

– Во време на самоизолација да стекнеме рутина за извршување на секојдневните обврски, се препорачува да се вежба, да се јаде здрава и диетална храна, да се избегне негативната енергија, советува специјалистот психијатар др. Ѓорѓе Хаџи-Ангелковски.

Додека луѓето се обидуваат да се прилагодат на глобалната пандемија Ковид-19, прекумерниот страв и анксиозноста можат да влијаат на физичко здравје и да го ослабат имунолошки систем.

Експертите препорачуваат песимистичките мисли да се сведат на минимум, со цел од оваа ситуација да излеземе посилни.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста