Стравот од војна го потисна стравот од пандемијата

Стравот од војна и економска криза го засени стравот од пандемијата – луѓето само што создадоа психолошка отпорност на корона вирусот се соочија со уште поголем страв предизвикан од руско-украинскиот конфликт. Според психолозите оваа состојба не е непозната, кога еден поголем страв надвладее друг, обичниот човек се соочува со психолошка но и егзистенцијална криза. Посебно кога е нарушено она за што светот со векови се бори – а тоа е обезбедување на мирот на земјата.

Секако и тоа се должи не само на јачината на информациите односно стресот што го носат, ние веќе сносивме психолошка отпорност кон короната и тоа помага, и факт е дека последната мутација беше полесна од претходните,и како што спласнаа стравовите бројот на жртви не е голем бројот на заразени не е голем, и секако ризикот од претстојната криза и последиците од војната е она што е ургентно дури и на перцептивно ниво, го засега обичниот човек – вели психологот Вида Гаврилоска Бубалова.

Целиот свет се насочи кон стравот од војни, од недостиг на храна и дополнително осиромашување – и откако Русија на 24 февруарија ја нападна Украина, мнозинството граѓани будно ги следат случувањата, со што „подзаборавија“ на корона вирусот.

Се случи нешто што никој не го очекуваше. Територијалните војни веќе не се практични, повеќе се води војна околу интелектуалниот труд, за  разлика од векови на назад кога се војувало за територии. И затоа, во оваа ера, околу војната не беше очекувано, нешто што просечниот човек не може да го разбере,  и е и како радикална трауматска информација. Како на луѓето сето ова влијае, со многу страв со многу анксиозност, стравот од непредвиливото – додава Гаврилоска Бубалова.

Сето она што го знаеме околу војните и фактот дека обичните луѓе се малку моќни да променат нешто дополнително го разгорува стравот од непредвидливоста. Психолозите се согласни дека при споредба на овие два стравови, логично е стравот од војна да биде поголем, знаејќи какви се последиците од војувањето.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста