Страв во Охрид по информацијата дека осуммина вработени на бензиска пумпа се заразени со Корона

Сопственикот на бензинската пумпа каде што половина од вработените, дури осум-мина се заразени со Ковид 19, нема да бара одговорност од нив, иако довеле во опасност голем број луѓе ширејќи ја заразата на фреквентната бензинска пумпа.

Не можел да осуди никого за несовесно однесување,бидејќи во негово присуство, сите ги почитувале препораките.И самиот се прашувал како се појавил коронавирусот во неговата компанија, оти од самиот почеток на вработените им ја обезбедил потребната заштитна опрема.

Целата ситуација му била малку чудна, оти заразените –како што вели се чувствувале поздрви од секогаш.

„Се чудат зошто седат во изолација,не им е јасно.Затоа што се позитивни! Му велат на докторите дајте ни лекови да се лечиме.Здрав се лечи,им вели докторот, кога ништо не ви е како да ви дадам,што да ви дадам од лекови?За нив наодот дека се позитивни не значи дека се зазаразени ? Тие не се осеќаат дека се заразени.Не ја сваќаат сериозно опасноста на коронавирусот? Ама ништо не чувствуваат значи“, изјави Љупчо Кочиноски-сопственик на бензинска пумпа” Окта”.

Којчиноски појаснува дека првозаболениот чии резултати ги чекале 8 дена,воопшто не дошол во контакт со заразените колеги, бидејќи симптомите ги добил за време на годишен одмор и воопшто не се појавил на работното место, а последен пат, дотур на деривати вршел на 30-ти март кога не бил сомнителен на опасниот вирус.

Но, ова воошто не ги смирува компаниите за превоз на патници кои што имаат договор со оваа бензиска пумпа и каде што на секои 4 до 5 дена точат гориво. И додека тие ги бројат деновите и живеат во страв постојано пресметувајќи кога имале контакт со вработените на бензинската пумпа,Којчиноски вели, јас не можам да им сугерирам дали да се тестираат, автобуските превозници и нивните вработени,самите нека одлучат.

Од Центарот за јавно здравје велат дека ќе се тестираат само оние лица кај кои евентуално ќе се појават симптоми.

„Кластер сеуште не може да се формира затоа што сеуште се дефинираат пошироките контакти, првичните контакти од првата генерација се веќе изолирани на сите тие што се позитивни.Дали ќе треба да се вршат дополнители тестирање на некои лица ? Не, согласно епидемиолошките анкети и епидемиолошките индикатори сега во овој момент не е потребно некое дополнително тестирање“, изјави Сашо Точко-дир. на Центар за јавно здравје.

Тестовите на останатите вработени се негативни, цела среќа во несреќа е што сите вработени превентивно се тестирале, иначе ќе ја ширеле заразата без да знаат ,оти немаат никакви сиптоми.

Бензинската пумпа која беше затворена во саботата, од денес функционира.Таму сега се вработени две нови лица.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста