Страшна несреќа во Кина – надвозник се сруши врз автопат, 3 лица загинаа (Видео)

Три лица загинаа, а двајца се повредени кога се срушил надвозник на автопатот во градот во источна Кина, јавуваат денеска локалните власти.
Катастрофата се случила во местото Вукси, во источната кинеска провинција Џангсу, околу 100 километри северозападно од Шангај.
Според прелиминарните истраги многу натоварен камион предизвикал рушење на мостот, пренесуваат градските власти на Вукси преку социјалните мрежи.

Државната телевизија ЦЦТВ јавува дека камионот носел 187 тони на надвозникот каде максималната дозволена носивост е 65 тони.
Видео снимките кинеските медиуми ги објавиле на социјалните мрежи, а покажуваат попуштање на надвозникот и пад на возилото.Уништени се три возила, меѓу кои едно било празно паркирано на страна. Три лица загинале во друите возила, навеле градските власти.