Странците во Охрид треба да плаќаат дупло повисоки цени во угостителските објекти

Охрид, туристичка стапица за странците кои доаѓаат на одмор во нашата туристичка мека.Гостите тврдат дека во угостителските објекти има дупли менија со различни цени на македонски и англиски јазик.На фејсбук групата Expats and foreigners in Macedonia,врие од коментари и сведошта на странци кои како што пишуваат, се чуствувале измамани и ограбени.

Откако бев во три различни локали,изненадена од превисоките цени,всушност сватив дека имаа две различни менија,бидејќи ги споредив цените.Може некој да ми посочи објект каде не ги ‘’дерат’’ туристите,и не го доживуваат како подвижен паричници? 2. Со семејството отидовме во Охрид. Сакавме да останеме една недела но доволни ни беа 3 дена.Парче пица го плативме поскапо од Венеција.Верувале или не никогаш повеќе не се вратив во Охрид.3. Не сакам да плаќам, не се рабори за парите, тоа е крадењето.4.Ако сте сигурни дека има две различни менија пријавете го локалот ,тоа е незаконски – се дел од коментарите.

Но, охриѓани и домашните гости укажуваат дека и месното население во сред лето плаќа превисоки цени, а револтото го искажуваат прикачувајќи менија на социјалните мрежи.

Дали е ова официјално мени кое го добиваат гостире? За жал да. Удрете сега, во цената да е вкучена и масажа? Ова е поскапо и од Швајцарија.Далмација е поевтино.Каде е ова Холандија? На менито може и реклама за кредит да има! Цените им се како на лото извлечени !Не ги поддржувам, ама никој не ги тера гостите со сила да одат таму,има и други локали.Барем сега во градот има објекти што нудат од најскапо до најефтино – се дел од коментарите.

Цените во одредени локали можат да звучат поскапо, но пазарот си го прави своето.Претрпевме огромни загуби,но цените мора да бидат фер и реални со поскапување од 10 до 15 %-велат од ХОТАМ.

Ценовната политика се одредува спрема ситуацијата и спрема можностите на секој понудувач.Знаеме дека многу продукти се поскапени заради оваа пандемија цените одат нагоре.Со оглед на тоа дека и во околните земји цените не останаа исти како пред две години,ова треба да се искористи мудро и да се ставаат цени попривлчени за оваа дестинација – изјави Крсте Блажески – претседател на ХОТАМ.

Нема висока и ниска цена,таа мора да соодветствува со квалитето што го нудиме .Генерален проблем во Охрид се високите цени, а слабата услуга.Охрид не треба да се продава етино само доколку продаваме квалитет и врвна услуга-велат за Алфа експертите по туризам.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста