Странците ги повлекуваат инвестициите од Охрид – доскорешните власти немаа слух да ги решат административните проблеми

Странците кои посленава деценија инвестираа во Охрид,заминуват од туристичката мека-долгите административни процедури и немањето соодветна урбанистичка документација, ги одвратија парите да ги вложуваат кај нас,градејќи станбени единици кои потоа се продаваа на семјени луѓе од Скандинавските земји и Западна Европа.

Апсолутно не можеме да седнеме на иста маса и сериозно да разговараме со потенцијалните странски инвеститори,затоа што повеќе немаме ниту услови а ни можности.Главна кочница сеуште се деталните урбанистички планови на чие донесување чекаме со децении, вели Никола Иванчиќ чија агенција склучи договор за соработка со холандска градежна групација која веднаш почна да инвестира. Пред 7 години на охридското крајбрежје, кај Пештани изгадија луксузен објект а 70% од апартманите ги купија холанѓани.

-Ако створевме услови можеби и тие ќе останеа, ама сега и тие не останаа. Се повлекоа, тие не можат да чекаат 10 години ДУП со административните процедури и постапки наши да тераме со години.Реакцијата нивна е вчудоневидувачка, никако не можат да сфатат во што е проблемот што нема ДУП, изјави Никола Иванчиќ од Агенцијата за посредување со недвижности.

Сега простор за договор –нема,се изгубија странски инвеститори од Белгија,Франција, Шветска, Швајцарија, Турција, кои беа подготвени да вложат во изградба на хотели, мотели но и објекти за домување на атрактивни локации,со целосно почитување на препораките на Унеско. Охрид требаше да се насочи кон изградба на луксузни станови и апартмани –смета Иванчиќ.

-И треба тој примат да се задржи, а не да се задржи приматот на одредена групација на луѓе за лични интереси од кои граѓаните на Охрид,бенефит не гледаме, изјави Иванчиќ.

Охридската ривиера во последните неколку години беше привлечно место за странските државјани, кои сакаа да купат имот во нашиот град. 

-Има и други наши колеги, бифши судии од Стразбур, адвокати кои имаат купено станови или куќи во Охрид.Наместо да негуваме политика да привлекуваме такви луѓе и уште позначајни луѓе, ние правиме политка овде, изјави адвокатот Игор Кичеец.

Потребна ни е комплетна понуда со урбанистички планови и со јасна намена на просторот ,само така ќе можеме да привлечеме странски инвеститори кои наместо кај нас,сега вложуваат во околните земји -апелираат од агенциите за посредување со недвижности.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста