Сторија на Алфа: Наркозависник од Струга бара шанса од државата да застане на свои нози

Триесет и три годишниот Александар Терзиоски од Струга е наркозависник кој повеќе од 15 години се бори со овој тежок порок.Сведен дека половина од животот го поминал во канџите на дрогата,сега се обидува да се извлече и да стане свој човек да се грижи за себе,да свие свое гнездо.Но, за да ги исполни ветувањата кои си ги дал себе си, му треба вработување но најнапред помош од државата.Раскажувајќи ја потресната судбина  Александар зборува за загубата на родителите и двајцата починале во период од 6 месеци.Тогаш вели останав без ништо,но додека  да застанам на свои нозе ми треба помош,затоа и се обратив во Центарот за социјална работа.

Од фебруари подадов документи чекам за да ми дадат социјално и ми велат дојди денес,дојди утре а кога ги подадов документите ми кажаа дека не смеам додека е процедурата во тек, да не влезеш никаде на работа.Не смее никој да ти пушта пари од страна.Заради тоа останав вака, барем ќе отидев сезонски  јаболка да собирам некаде вели Александар Терзиоски.

Од струшкиот Центарот за социјална работа за Алфа велат дека знаат за случајот на Александар и оти неговото барање е во процедура.Уверуваат дека во текот на месец јануари идната година ќе ја добие бараната помош.

Но Александар е само еден од 180-те нарокозависници кои секојдневни примаат терапија во охридскиот Центар за превенција и третман на болести на зависност од дрога. Тие се судруваат со тешка болест и за нив многу е важна социјалната поддршка-велат од Центарот каде се лекуваат нарокозависниците.

Тие се судруваат со една голема голгота на стигма, на отфрлање и таа промена на навики е и онака многу тешка како психијатриски третман.Од моето искуство најважно од се е да се има приход, да се вработат-д-р Весна Лабоска Центар за наркозависници.

И Александар сака да биде вработен, оти од помошта за храна која му ја даваат родните и прјателите не се живее долго вели.Додека да го реши егзистенцијалното прошање, работи каде што ќе го викнат, најчесто цели дрва за да земе некој денар, што не  е доволно за да ги плати сметките за струја кои не ги подмирил цела година, а сега стравува да не му ја исклучат.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста