Стопанска Комора: Се уште се разговара за петтиот пакет помош, ништо не е прецизирано

Ништо од реализацијата на петтиот пакет еконоски мреки за помош на стопанството и граѓаните кои премиерот ги најави уште минатата недела. Кризата се приодлабочува, а од Владата нема ништо ново освен досега кажаното дека се само во подготовка. Државната помош која сите со душа ја чекаат, се уште е само во најава. Од Стопанската комора велат дека предлозите биле на време доставени, и се чека нивна презентација.

Се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет економски мерки, велат од Стопанската комора на Македонија. Штом ќе се договори нешто конкретно, велат од Комората, јавноста ќе биде информирана.

  • Засега се уште не се дефинирани конкретни мерки. Во тек се разговорите со засегнатите страни. Штом биде договорено нешто конкретно, ние ќе соопштиме. Засега нема ништо што би можеле да кажеме, не сакаме да се создаде конфузија и забуна за некоја активност што не е прецизирана, истакна денеска Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора.

Бизнисмените веќе немаат надежи дека нешто посебно ќе помогне бидејќи состијбите биле загрижувачки, а производството драстично опаднато. Велат доосегашните мерки во голем дел биле промашени и не ги дале посакуваните резултати.

  • Првите три пакета беа подобри и поефикасни, многу повеќе им помогнаа на домашните компании, за разлика од четвртата мерка која не даде резултат и покрај средствата за таа намена. Во претходните мерки луѓето имаа картички за купување домашни производи, а сега ги добиваат парите на сметки и ги користат за различни намени, што го разводни ефектот. Првичните ефекти од мерките можеби беа помали, но требаше да се продолжи во таа насока. Бараме Владата да ја стимулира домашната потрошувачка со мерката „Купувајте домашно“ преку издавање ваучери со стриктна намена, да се потрошат исклучиво за домашни производи – свежо месо и месни преработки, млеко и млечни преработки, рече денеска на прес-конфеернција претседателот на Групацијата за производство на месо и преработки од месо, Гоце Трајчев.

Со реакција се јавија и од Сојузот на стопански комори, кои бара да се обезбеди континуитет на поддршката која ќе овозможи да се зачуваат работните места и да опстанат претпријатијата.

  • Барањата на ССК преточени во 15 мерки официјално се доставени до Владата каде аргументирано ги образложивме во преговорите за петтиот пакет кои се во тек. Очекуваме што побрзо да биде дефиниран, по што ќе може да имаме повеќе податоци за неговата содржина, начинот на имплементација и ефектите кои ќе се постигнат, велат од ССК.

Според бизнисмените, мерките мора да бидат насочени кон малите и средните компании бидејќи тие се најмногубројни во Македонија. Инаку, петтиот пакет мерки тежи 50 милиони евра за, но прашањето е колку ќе биде од полза на стопанството, зашто досегашните четири не ги дале посакуваните резултати.

И ако земјава итно не добие вакцина, стопанствениците не се сигурни дека Владата ќе може и натаму да ги помага Па така, фирмите ќе тонат уште повеќе, а бројката на невработени ќе продолжи да расте.

Борис Грујоски

Поврзани вести