Стопанска комора на Македонија: Има последици од недела-неработен ден, бараме законски измени

Бизнисот секторот бара измени во законското решение за недела-неработен ден.  Од Стопанската комора предлагаат законот да претрпи промени во делот за селекција на дејностите кои можат да работат во недела односно да се изземе тој дел и на сите дејности кои сакаат да работат да им биде овозможено тоа. Притоа велат стопанствениците, на работниците да им биде платено соодветно според законот и  еден ден во неделата ќе имаат за одмор.

– Најдоброто решение е веројатно е да се предвиди недела како ден за одмор, но да нема таксативно наведување на дејностите, туку да се овозможи со пријава до Инспекторатот за труд кои компании сакаат, да работат, но и на работниците да им исплати додаток на плата – потенцира Ѓорѓиоски.

Доколку понатаму се продолжи со ваква практиката на предвидување дополнителни дејности на кои ќе им се овозможи да работат во недела само ќе ја стимулираме правната несигурност и законот ќе биде подложен на чести измени и дополнувања што не се добри алармира Ѓорѓиовски.  Бизнисот реагира дека на сите компании и фирми кои не смеат да го прекинат производството бидејќи тоа ќе ги чини премногу и ќе се соочат со затворање и испуштање работници. 

– Во никој случај не смее да подразбира изречна забрана за вршење на одредени економски дејности и таксативно набројување на други кои ќе бидат исклучок од правилото дека недела е ден на неделен одмор, туку потребно е секаде каде тоа е неопходно заради производниот процес, или заради оптимизирање на работните процеси на компанијата, да се остави можноста за работа на недела – рече Николовска.

И компаниите од секторот трговија со сегашниот закон се ставени во нееднаква положба иако подмируваат исти давачки кон државата, велат од комората и предлагаат недела како неработен ден да се регулира исклучиво со законот за работни односи. 

– Ваквиот предлог од нашите членки од секторот трговија следуваат поради фактот што констатираат дека без никакви претходно утврдени критериуми се ставени во нееднаква правна положба (забрана да вршат дејност, обврска да плаќаат дополнителна јавна давачка, поголем додаток на плата) – укажа Ристовски.

Бизнисот ќе чека до 18-ти февруари власта да ги прифати нивните предлози, во спротивно повторно ќе ја поднесат повлечената иницијатива до Уставениот суд.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста