„Стоп за извршителите“ и денеска на улица

Од една третина до една петтина од плата и пензија се ограничувањата за извршување за лицата приматели на просечна плата и пензија, предвидуваат измените од Законот за извршување кои беа усвоени од Владата.

Но, со тоа не се решаваат маките на луѓето кои се соочуваат со вртоглави долгови и бараат застарувањето на долговите да има рок за да не може извршителите да ги чуваат старите долгови во фиока со цел да ги извадат оној момент кога цената на долгот драстично ќе порасне.

„ Ние бараме тоа застарување на долговвите да важи да биде јасно и да нема застарување по 15, 20 години да има рок“ изјави Ана Глигорова иницијатива стоп за извршители.

Од граѓанската иницијатива „СТОП за извршители“ исто така очекуваат Собранието да го изгласа новиот закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.

Граѓаните алармираат дека потребно е застарување на долгот кое сите извршители ќе го почитуваат. Тие се пожалија дека извршителите ги гонат за долгови уште од времето на Југославија.

Од 91-ва година во 2017-та доаѓа извршено решение од 2.000 динари чек застарен долг ми стигна долг од 120.000 денари“, изјави еден од граѓаните.

Законот за извршување утре ќе се најде на дневен ред на собраниската Законодавна комисија.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста