„Стоп за грабежот“: Се појавуваат долгови и во непостоечки банки

Протест под мотото „Стоп за грабежот“, насочен кон извршителите, но и судиите и обвинителите. Денеска се одржа пред минстерството за правда. Револтираните граѓани побараа извршителите да се вратат во рамките на судот, но и да се направи ветинг на судиите, затоа што обвинуваат дека дел од нив се криминални. Појаснија дека секој ден се јавуваат луѓе кои се заглавени од долгови, а тие се напумпани и до триесет пати поголеми. Велат дека овој протест не е само кон извршителите, туку се однесува и на цел правосуден систем.

– Бараме ветинг на судиите затоа што во самата судска власт имаме криминални судии. Имаме и во Судскиот совет, кој формално постои и не ги надгледува судиите, односно не си ја работи работата. Тоа е се формално. Судиите и во Оновен 1 и Основен 2, Судскиот совет, обвинителите и Советот на обвинителите не си ја работат работата, изјави Ана Глигорова, член на „Стоп за грабежот“, коешто организираше и протестен марш од пред Министерството за правда до комплексот судови.

Демонстрантите побараа извршителите да се вратат во рамките на судот, но и да се направи ветинг на судиите, затоа што обвинуваат дека дел од нив се криминални.

– Поради лихварската вонсудска наплата , но и поради лихварската судска наплата која претходно функционираше пред вонсудската наплата, заедно со корумпираното судство во една спрега, ние живееме во една пеколна држава. Се раоти за еден исклучетлно тежок криминал кој се реализира преку повторното изврување, преку повторните нотарски платни налози иако постоеше мораториум од неколку месеци поради пандемијата, тој се продолжи – рекоа дел од насобраните.

Велат дека овој протест не е насочен само кон извршителите како до сега, туку е поширок и се однесува и на правосудните органи.

– Бараме повторно извршителите да се вратат во рамките на судот, затоа што на тој начин ќе има поправични судења и ќе дојдеме до правда. Бараме и ветинг на судиите, затоа што во самата суска власт имаме криминални судии, имаме и во Судскиот совет, кој формално постои, а не ги надгледува судиите.

Обвинија дека мафијата во спрега со институциите лицитираат станови, одземаат имоти, уништуваат човечки животи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста