Стоп со употреба на петарди – симулирана вежба за опасноста од пиротехнички средства

Петардите не се играчки, стоп со употребата на пиротехничките материјали – на плоштад Македонија во Скопје, во пресрет на новогодипните празници, беа презентирани можните ризици што може да се случи доколку користите пиротехника.

СВР Скопје и Црвениот крст на Град Скопје одржаа показна вежба во склоп на кампањата за превенција од користење пиротехнички средства.

Употребата на огномети, петарди, пиротехника предизвикува и страв кај животните – сетилото за слух кај нив е далеку поразвиено, а звукот на петардите може за нив да биде фатален. Во рамки на кампањата беше поставен и постер од куче кое се крие поради страв од огномети.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, истакна дека последниве години се намалува користењето на пиротехнички средства, но секогаш има потреба од кампања за подигнување на свеста.

„За жал користењето пиротехнички средства носи многу жртви. Факт е дека се намалува користењето на пиротехника во државава но и понатаму се користи, потребна е кампања“ – изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

На капањата се приклучија ученици од средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, и од средното училипште за ликовна уметност „Лазар Личеновски“ со ликовни творби на темата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста