Стојановски: АНБ треба да каже зошто изготвила службена белешка за бегство на Камчев

АНБ треба да објасни врз основа на кој член од законот изготвила службена белешка за бегство на Орце Камчев по која потоа беше постапувано. Граѓанскиот сектор го вперува прстот во разузнавачките структури и смета дека тие треба да обрзложат дали во постапката има грешка во чекори. И од кои причини лице осомничено за наводен криминал е закана за националната безбедност. Во членовите 4 и 6 од законот за АНБ се опфатени надлежностите по кои агенцијата може да постапува.

“Член 6 од истиот закон кажува дека доколку Агенцијата добие информација, сознание, дека се подготвува кривично дело, ја има обврската да го извести надлежното ЈО. Така што најдобро е АНБ да даде одговор. Во идеален систем би имало, но кај нас АНБ и нема таква законска обврска. Тука доаѓаме до моментот на надзор и веројатно на некое надзорно тело, кои би било добро да објаснат и да дадат информација за ова прашање. Затоа е важно надзорот да биде реален, моќен за да може вакви прашања да се адресираат во име на јавниот интерес, вели Александар Стојановски од “Евротинк”.

Од Евротинк апелираат дека контролата на разузнавачките служби во Македонија е несоодветен на потребите. Нивните истражувања покажале дека парламентарниот надзор е поделен. Постои преклопување на надлежностите на неколку собраниски комисии. Ако тоа го прави една собраниска комисија би се намалил и бројот на пратеници кои би ја вршеле контролата. Дополнителен проблем е политичката припадност на членовите во парламентрарните комисии и колкав дел од нив имаат навистина стручна подготовка за оваа дејсност. Подобрување во парламентраниот надзор има, но во мала мера е ефективенСоветот за граѓански надзор исто така е нефункционален и несоодветен.

“Ние предлагаме концепт на реформа на парламентарниот надзор каде една парламентарна комисија ќе има точно дефинирани ингеренции и можности да го врши својот надзор, но и вонпарламентарно материјално и стручно и технички силно опремено тело кое ќе го претставува граѓанскиот и демократскиот надзор врз безбедносните служби и разузнавачкиот апарат”, изјави Стојановски.

Реформите кои до сега се случуваа беа предизвикани од лошопто работење на безбедносно-разузнавачкиот апарат, но и поради влезот на Македонија во НАТО. Комплетирањето на реформите зависи од политичката воља, но и од меѓунраоден и домашен притисок, вели Стојановски. Тој новите форми на комуникации како криптирани пораки и мејлови треба да бидат дел од законската регулатива.  

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста