Стојановиќ нема да си поднесе оставка, откако осудените од „Диво Насеље“ од затвор се јавија на косовска телевизија

Првиот човек на Управата за извршување санкции при Министерството за правда Јовица Стојановиќ нема да поднесе оставка од функцијата директор, откако затвореници од затвор, односно осудените за тероризам од „Диво Насеље“ се јавија во живо на косовска телевизија. Се правда дека јавувањето не било во живо, туку снимено.

Работата се истражувала. Контрола во затворот „Идризово“ рече имало, но им недостасувало повеќе опрема, односно телефонски говорници. Сепак признава дека во системот имало пропусти, и го осуди чинот на кој се појавиле снимките.

Реакциите следуваат откако во неделата, терористичката „Кумановска група“ директно од затворот „Идризово“ гостуваше во живо на косовската телевизија „Корект Прес“.

За скандалот да биде уште поголем, еден од терористите од Диво Насеље, командант Малишева, разговораше со неговиот син. Останува неодговорено како е можно да нема оставки после ваков скандал и оправдувањата да се сведат на тоа дека водела истрага?

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста