Стојаноска: Идната година, 7,5 милијарди денари ќе се слеат во Министерството за здравство

Стојаноска: Идната година, 7,5 милијарди денари ќе се слеат во Министерството за здравство

Идната година, 7,5 милијарди денари ќе се слеат во Министерството за здравство, односно 334 милиони денари повеќе од годинава. Со предлог буџетот приоритет стануваат здравствената заштита и превенцијата, повисоки плати за сите вработени во здравствениот сектор и сеопфатна трансформација на здравствениот систем, истакна Дафина Стојаноска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со буџетот за 2025 ќе се набави нова и современа опрема за јавните здравствени установи, а предвидена е и доградба како и реконструкција на болниците. Меѓу нив, општата болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ – Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Исто така, ќе продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, а се планираат и градежни активности и реконструкции во Здравствениот дом Скопје, Kлиниката за психијатрија и многу други.

Со новиот буџет приоритет е и финансиската стабилност на фондот за здравство, а со тоа стабилност и на целиот здравствен систем. Идната година фондот ќе има на располагање над 53 милијарди денари, односно 5 милијарди повеќе од годинава, за подобри здравствени услуги, вели Стојаноска и додава:

„Во буџетот се планирани и пари за континуирано зголемување на платите во здравството во следните четири години. За до крајот на мандатот, сите здравствени работници да добијат поголеми плати од 40 до 50%.

Почитувани, ова се јасни показатели дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за здравствените работници. Тие да земаат достоинствена плата, да работат во достоинствени услови, а граѓаните конечно да добијат квалитетни и навремени здравствени услуги“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста