СТОИЛОВ И МАРКОВСКИ ИМ СЕ ПРИКЛУЧИЈА НА РАКОМЕТАРИТЕ, МАНАСКОВ НЕ ДОАЃА ЗАРАДИ ПОВРЕДА
Пивотмените Стојанче Стоилов и Никола Марковски и се приклучија на најдобрата македонска ракометна репрезентација, а Дејан Манасков не. Крилото влече повреда од Фајнал форот во Келн и беше принуден да ја одбие поканата за приклучувања на селекцијата во овој период во кој ние тренираме и играме пријателски во Скопје, но се уште се надеваме дека ќе дојде покана за настап на Светското првенство. Утре имаме нова пријателска со Чиле, а в среда започнува мундијалот, кој и покрај сите најави за откажување на Чешка или на Шведска, за нас и денеска останува недостижен и далечен.
КАТЕГОРИИ Ракомет