Стоилковски: Шилегов гради зграда дивоградба

Нов скандал го тресе градоначалникот на Скопје. Петре Шилегов градел луксузна зграда, ама дивоградба – ВМРО-ДПМНЕ објави документи според кои шилегов на плацот каде се наоѓа неговата семејна куќа изградил два ката дивоградба надвор од дозволеното колку што е предвидено во деталниот урабанистички план. Според портпаролот на партијата Наум Стоилковски , не постоел валиден документ со други параметри кои дозволува дополнителна градба освен доградба и реконструкција на постојната градба, или евентуално нејзино рушење и добивање на одобрение за градење

Земјиштето се наоѓа на територија на скопски Карпош, па оттаму надлежна институција за издавање на дозвола за градба, доградба, реконструкција е општина Карпош, секторот за урбанизам односно Градоначалникот на општина Карпош во заминување, Стефан Богоев.

И додека ВМРО-ДПМНЕ обвинува за сторени криминали со дозволи за градење, актуелниот градоначалник Петре Шилегов по 4 години власт , не знае колку дивоградби има во Скопје или пак не сака да каже. Пред само неколку дена, Шилегов побрза да се оправда дека немал правна можност да реагира во отстранувањето на дивоградбите

Инаку на територија на главниот град од 20 -30 илјади објекти чекаат одобрени за легализација.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста