Стоилковски: СДСМ се одлепи од реалноста Каевски и Бочварски вадат фотографии од базен од Јоханесбург

„По фалења со фотографии од Германија, од Франција, од Индонезија од островот Бали и  Тајланд, по лажните слики за проекти од Шпанија и нечиј гасовод, на ред дојде и базен од Јужноафричка Република!“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во продолжение интегрален текст од целата прес конференција:

 

Фејсбук и Гугл не влегоа во Македонија, ама пак затоа  забеганото СДСМ влезе на Фејсбук и Гугл! Со една цел- Крадење на фотографии за свои непостоечки проекти!

Дарко Каевски од агенцијата за млади и спорт и Бочварски градоначалникот на Штип сега се фалат со- фотографии од- внимавајте од Јужноафричка Република!

Базенот од приватно училиште во Јоханесбург, одеднаш станува базен во Штип! И со тоа се фалат, не еден туку двајца функционери од забеганото СДСМ – и Каевски и Бочварски!

Почитувани,

По фалења со фотографии од Германија, од Франција, од Индонезија од островот Бали и  Тајланд, по лажните слики за проекти од Шпанија и нечиј гасовод, на ред дојде и базен од Јужноафричка Република!

Ете тоа е забеганото и аздисано СДСМ, тоа е Зоран Заев- немаат со што да се пофалат на крај на  нивниот мандат- па крадат фотографии од странство, прикажувајќи ги како свои  капитални проекти!

За потсетување минатата недела Зоран Заев се фалеше со фотографии од Гугл за пречистителни станици и за водовод и канализација со крадени интернет фотографии од Шпанија и нечиј странски гасовод.

Сега неговите пулени Каевски и Бочварски вадат интернет   фотографии прават флаери со фотографии  од базен од Јоханесбург, како проект во Штип! Ова е класична измама, ова е класична лажна вест , класични лажни вести продуцирани од забеганото  и аздисаното СДСМ!

Ќе го цитирам Дарко Каевски вели  „-Штип добива современ затворен пливачки базен“ и фотографија од Јужноафричка Република.

Лажната нормалност премина во лажна реалност. Прават лажни, потемкини села, со крадени фотографии од интернет . Одамна се разминаа со вистината, ама сега целосно се разделија  со реалноста!

Почитувани, пред вас е изборот меѓу Обновата која што  ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измамата која што ја живееме со  Зоран Заев и со  СДСМ . Македонија не заборава. Народот ќе ја направи разликата!

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста