Стоилковски: Практика му било на Силјан Мицевски да дава донации и на други партии вклучително и СДСМ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук пишува дека практика му било на Силјан Мицевски да дава донации и на други пратии вклучително и СДСМ.

-Бидејќи бев присутен на сведочењето, сведокот Сиљан М. посочи дека дал своеволна донација во време која партијата била во опозиција, пред да дојде на власт, пред да може да вети било што.
Уште повеќе дека на истиот начин тоа практика му било, давал донации и на други партии вклучително и СДСМ.
Како поранешен новинар најмногу ме нервира нецелосното и уште повеќе половично информирање зачинето со лични субјективни додатоци во вест.
Правдањето кое лично ми беше кажано “бев позади до ѕидот и не слушав најдобро” не е никаков изговор за долгогодишен новинар.
Ја разбирам потребата на медиумите да штедат на ресурси, но за “ексклузивки” подобро да се потпрете на сопствени луѓе на кои што верувате дека нема да ве остават на цедило, стои во неговиот пост на Фејсбук.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста