Стоилковски: Овие избори од СДСМ и Заев јавноста нема да види програма туку бомби

„Овие избори од СДСМ и Зоран Заев јавноста нема да види програма туку бомби! На овие избори битката на Заев ќе биде со страв и со лаги! Извршителите не ги знае, но инспираторите да!“ – велат од опзициската ВМРО-ДПМНЕ

Во продолжение интегрален текст од изјавата за медиуми на Наум Стоилковски:

 

Зад мене е објектот, зад мене е инспирацијата за бомбашкиот напад врз семејниот објект на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Бомбашки напад врз функционер на опозицијата! Тоа е вистинското лице на забеганиот СДСМ.

Тоа е чисто политичко насилство, мерки од најнедемократски режими.

Насилството кое што се демонстрира е инспирирано и поттикнато од забеганиот СДСМ, од нивната насилничка реторика.

Насилство кое што не враќа во мрачното време 90-тите, на транзицијата!

Насилството, бомбашкиот напад на семеен објект на потпретседател на опозицијата, директно поттикнат од неказнивоста на функционерите на забеганиот СДСМ.

За нив не важат законите, за нив важи само криминалот, насилството и сеењето на омраза.

Одговорноста за бомбашкиот напад е во СДСМ, тука зад мене! И тука треба да се бараат инспираторите за нападот, кој што за среќа мина без жртви.

Свесни за поразот, тонат во целосна забеганост, немоќ и страв, затоа атакуваат, напаѓаат врз првите луѓе на опозицијата.

 

Игор Дурловски беше пресретнуван и вербално напаѓан со закани, Рашела Мизрахи е постојано следена и фотографирана за што има и пријава до полицијата, потпретседателот Николоски посочи на       прислушување и следење, а сега – сега и бомби почнаа да фрлаат врз семејниот објект на Мисајловски!

Почитувани,

Ова е крик на очајни луѓе, сокриени во објектот зад мене, кои што прават се за да не одговараат пред правото и правдата!

Почитувани,

Институциите мора да реагираат, случајот да се разреши што поскоро, сторителот или сторителите да бидат санкционирани.

Не смее да се дозволи бандити да ни ја земат државата и ги контролираат нашите судбини.

Решени сме, одиме до крај, до поразување на злото. Компромис со криминалот НЕМА.

По 15-ти јули правната држава ќе профункционира и сите кои што се огрешиле ќе одговараат.

Јасен е изборот – или обнова со ВМРО-ДПМНЕ или криминал со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, народот прави разлика.

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста