Стоилковски: Феудалецот Заев со концесии на 30 години ги обезбеди Тотал инжинеринг и Еленица, фирмите на бате Вице

Зоран Заев долгорочно присвојува државни богатства, а надлежните и најповиканите за спречување на таквата корупција спијат. Феудалецот Зоран Заев и неговите министри изгласаа македонски суровини и минерали, државни ресурси, да му ги отстапат на братот на Зоран Заев, на бате Вице, на дури 30 години. Министрите гласале за да му удоволат на феудалецот, оној кој што ги поставил таму, па бате Вице и бате Трајче 30 години ќе владеат со македонските рудни богатства, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНе, Наум Стоилковски.

-Владата ТАЈНО, на 6 октомври доделила 30годишна концесија за експлоатација на руда на Еленица, фирма на Заеви, каде и Зоран Заев бил дел од УО. Информацијата одеднаш се појавува во Службен весник.
И ова не е прва семејна фирма на феудалецот Заев која што добива 30 годишна концесија од владата. На ист начин, тајно, владата на феудалецот Заев доделила 30 годишна концесија за руда и минерални суровини за Тотал инженеринг, фирма на бате Вице. И на ист начин, пред две години, одлуката во јавноста се објавува само во Сл.весник. Феудалецот Зоран Заев долгорочно става рака врз ресурсите, врз македонското државно богатство додека е во мандат. Од позиција премиер присвојува државни добра, суровини и минерали за себе, за бате Вице за период од 30 години. Феудалецот Заев со концесии на 30 години ги обезбеди Тотал инжинеринг, Еленица, фирмите на бате Вице. Зоран Заев додека е во мандат очигледно има намера да ги приграби државните ресурси и да ги подели на своите компании, истакна тој.

-ДКСК има чиста позиција. ДКСК е ДОЛЖНА согласно надлежностите што и ги дава законот, имаат ОБВРСКА да констатира располагање на државни добра за приватни цели. Одлука за оваа долгорочни концесија не е ништо друго туку чиста корупција произлезена од судир на интереси. ДКСК не смее да се крие зад формалности. Се работи за користење привилегии за ставање рака врз државни богатства во посед на државата. Доделување концесија за семејни компании, за брат, за братучеди, е врв на корупција- крвно сродство од прв степен.
Има дејствие, постои договор за концесија, има лична полза значи има корупција. Во одлуката има чисто користољубие. Антикорупциска вие сте на потег, посочи Стоилковски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста