Стивна хаосот по бензинските пумпи во Македонија

По синоќешните долги редици и гужви пред бензиските станици низ цела Македонија, утрово тивко. Повеќето бензиски пумпи останале без горивата по вчерашната паника кај граѓаните што побрзо да наполнат резервоарите, поради стравот дека цената драстично ќе се зголеми. Алфа и изутрината  направи обиколка по бензиските пумпи.

Вработени во бензиските во Скопје за Алфа брифираат дека синоќа до доцна полнеле горива, а граѓаните биле во паника дека во Македонија ќе има кусок од нафтени деривати. Сепак надлежните уверуваат дека простор за паника нема, а набавката во ниту еден момент не била проблем, а и немало никаков недостиг. Првиот човек на Регулаторното тело за енергетика се сомнева дека дел од трговците со бензините се обиделе да чуваат залихи и не им овозможувале на потрошувачите да ја точат количина која што ја сакаат, што најверојатно дополнително ја подгреало паниката.

  • „Ги следиме котации, во текот на оваа недела се случија екстремно зголемување на цените на природниот гас, на електричната енергија и на нафтата на берзите. Тоа е нешто незапаметено откако постојат овие берзи. Така што ја следиме ситуацијата и кога ќе ги добиеме котациите за четврток и за денеска РКЕ ќе излезе како и секогаш во понеделник со одлука. При тоа сакам да потенцирам дека 52% на крајната цена влијае набавната цена како и курсот на доларот и за жал во изминатиот период имаме и тренд на поголем пораст на курсот на доларот во однос на денарот. 41 – 42% отпаѓаат на државни давачки како што се акциза, ДДВ, надоместоци за животна средина, за задолжителни нафтени резерви и останатиот дел, околу 7-8% отпаша на маржата која ја определува РКЕ како и трошоците за транспорт кои што ги имаат трговците од складовите на бензинските пумпи.“ – објаснува Бислимовски.

„Набавката на навтените деривати во ниеден момент не било проблем за снабдување. Немаше никаков недостиг. Едноставно почнаа шекулации и се создаде непотребна паника која доеведе да има колони до бензиски пумпи. 90 процени од нашиот увоз ние го увезуваме од Грција. Се во ред и нема проблем.

Инспекции биле излезени на терен, но засега нема информации за злоупотреби. Уверуваат доколку Државниот пазарен инспекторат ако воочи проблем, Регулаторната комисија ќе  преземе соодветни мерки. 

Од вчера на пладне до доцна синоќа камерата на Алфа забележи долги редици пред бензинските станици во главниот град. Но не само во Скопје, колони од автомобиле имаше во Куманово, Штип, Струмица, Валандово…

И Од Владата апелираа до трговците со нафта да не ја ограничуваат количината, а граѓаните да не прават резерви гориво. Од Илинденска смируваат дека во Македонија има доволно количини на нафтени деривати.

Освен кај нас, километарски колони беа забележани и на бензиските пумпи во Србија и Босна и Херцеговина.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста