СТЕФОН КАРИ И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА НАЈДОБАР ШУТЕР НА ТРОЈКИ ВО ИСТОРИЈАТА НА НБА ЛИГАТА

Стефон Кари и официјално е најдобриот шутер на тројки во историјата на НБА лигата. Плејот на Голден Стејт даде само 22 поена, но со пет тројки што беше доволно да се мине досегашниот лидер Реј Ален. Тој момент на поставување на рекордот се случи уште во третата минута со вториот погоден шут надвор од линијата од дуелот во Медисон Сквер гарден по што, како што е тоа ред во американскиот спорт, прекин, стоечки овации, честитања. Кари сега има 2974 успешни обиди за три, Ален и Реџи Милер останаа зад него. Инаку мечот во Њујорк го доби Голден Стејт со 105-96 и остана пре Феникс кој во продолжение славеше со Портланд 111-107. Слично, со дополнителни 5 минути се одвиваше и двобојот на Бруклин и Торонто во кој водешката екипа на истокот победи со 131-129. На овој меч ја видовме и најдобрата играчка партија во претходната вечер бидејќи КД имаше 34 поена со 13 скока и 11 асистенции.