Ставот на сојузот на земјоделските здруженија ја прели чашата кај македонските тутунари

Револт, огорченост и гнев кај македонските тутунопроизводители во пресрет на утрешниот протест пред Владата, откако вчера, претседателот на Сојуот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски, се испишмани и реши да не ги поддржи протестите. Во оваа одлука на Стомнароски, а која е спротивна на минатонеделното негово ветување дека ке ги повлече поверениците од вагите и ке го блокира откупот на тутунот, незадоволните тутунари препознаваат обиди за заплашување, притисоци и уцени, а со цел разбивање на нивното единство и неуспех на протестот.
- „Дури и да не беше протестот, Менде немаше да ги повлечи поверениците…затоа што тие кои што го наместиле на позицијата, го наместиле за да ги застапува нивните интереси, а не на тутунарите. А нивните интереси се да врви откупот непречено, со мал процент на откупен тутун за да се врши притисок врз тутунарите…Целта им е да го бојкотираат протестот, да има што помалку присутни пред Влада и да внеси раздор помегу тутунопроизводителите…“, – ни изјави за Алфа, членот на ИО на незадоволните тутунари, ВАСКО ЈОСИФОВСКИ.
- Јосифовски смета дека доколку Стомнароски имал чесни намери, досега требало да ги преземе сите мерки за да се забрза барем динамиката на откупот.
- „Според динамикава на откуп, не постои теоретска шанса, со 100 пакети дневно на одредени фирми да се откупи ни половината од тутунот, а не да стигнеме до 23 милиони килограми“, – објаснува Јосифовски.
- Не помалку изневерено и разочарано се чувствуваат и останатите тутунари кои бурно реагираат на социјалните мрежи.
- „Во случајов, Менде и неговиот Сојуз се еден вид штрајкбрехери што во нормални демократии е кривично дело, казниво со Закон. Патем, тој Сојуз се храни со пари од нашата пот….“
- „Ова се вика – рани куче да те лае, ние го плакаме… и со кои тутунари тој се консултирал….“
- „Сите се наместени само пари да земаат, а не да не бранат нас..и уште пари ни запираат за нив…“
- „Оставка на Здружението и Сојузот под итно и назначување на нови од ИО, оти тие се нашите вистински претставници..“ –се само дел од бројните коментари на социјалните мрежи.
- За двојните игри и сомнителните чекори кои и досега ги преземаше Сојузот, незадоволните тутунари реагира и на претходните протести, обвинувајки дека тој бил само „маша“ на власта, што според нив пак, било причина повеке – на утрешниот протест пред Владата, тутунарите да излезат што помасовно, зашто, како што велат, сега било повеке од јасно дека биле препуштени сами на себе.
Каролина Дурло