Стартува брзото тестирање ама нема термини: метеж и нервоза меѓу пацинетите

Брзите ковид тестови создадоа метеж и нервоза меѓу пацинетите кој беа денеска пред пунктот за тестирање во поликлиниката Ѓорче Петров. Потеницијалните заразени  чекаа надвор во редица, а од една маса поставена пред влезот на пунктот им се делеа листови на кои требаше да пополнат податоци, користеа и исто пенкало – со тоа и дополнителна опасност од евентуална зараза. Интересот за брзото тестирање е огромен – граѓаните спасот го гледаат во овие тестови бидејќи се два пати поефтини од останатите.

Освен организацијата за тестирање проблем се и слободните тремини.

Здравствените власти набавија 4.000 брзи тестови за кои нема да има потреба од консултација со матичен лекар, но еден ваков тест чини 1.000 денари, трошок кој целосно ќе падне на граѓаните. Се поставува прашањето како е можно брзите тестови да се прават во само еден пункт и тоа во една смена? Според проценките, еден тест би траел околу триесет минути со груба математика од 8 до 14 часот, капацитетот за тестирање би можел да биде 12 тестирања доколку се воведе и втора смена тоа би било околу 24 тестирања дневно, со оглед на тоа дека заинтересираноста е доста голема – каков ефект би имале со толку мал број на тестирања? Дали стратегијата за ова ќе се промени? Од ресорното министерство одговор засега не добивме. Истовремено, здравствените власти набавуваат донација од 13.000 брзи тестови – но за овие нема да се плаќа, велат од МЗ, ќе се закажува преку системот за евиденција „Мој термин“, преку алгоритамот кој се применува и за другите тестови.

Инаку, со првата тура од 4.000 брзи тестови кои ќе се прават во пунктот во Ѓорче – државата ќе заработи 1.600 000 денари.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста