Стартува процесот за тестирање на персоналот во градинките, родителите скептични

Масовното тестирање во земјава – конечно стартуваше. Околу 2.000 негователки и останати вработени во детските градинки први на скриниг. Тестирањето на овој кадар е услов за следниот месец да се отворат вратите на градинките. Родителите, сè уште со недоверба кон здравствениот систем, оттука се одлучни – дека децата по ниедна цена нема да ги пуштат во градника.

На родителите кои мораат да тргнат на работа со олабавувањето на мерките, единствено чаре им останува помошта од бабите и дедовците.

Дневно ќе се земаат по 100 брисеви кои ќе се тестираат во лабараторијата во МАНУ. А скринингот на негователките според министерот Филипче се очекува да заврши за околу две недели.

По вработените во градинките, ќе бидат тестирани и здравствените работници, вработените во старските домови, шалтерските работници во јавните институции, возачите во ЈСП и таксистите, но и пациентите пред да бидат примени на болничко лекување. Сите ќе бидат тестирани за присуство на вирусот, со молекуларните ПЦР тестови. Целта била, според здравствените власти да се идентификуваат асимптоматските носители кои не се ни свесни оти го имаат вирусот.

 Ања Василева

Advertisements