Старо нови имиња добија пратенички места во Собранието

Мендух Тачи, Али Ахмети, Павле Трајанов, Антонио Милошоски, Радмила Шекеринска  – во Парламентот влегуваат народни избраници со долг собраниски стаж, но и лица кои се нови на политичката сцена.

Откако ДИК ги објави првичните резултати , познато е кој се добива пратеничко место.

Во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се забележуваат нови свежи имиња , но и познати во македонската политика и наука. Социјал демократите пак одеа на веќе проверени имиња кои дел од нив се подолго време пратеници.

Гордана Сиљановска, Никола Димитров, Изет Меџити, Рашела Мизрахи, , Владо Мислајловски, Мила Царовска. ова се само дел од оние кадри кои добија доволно гласови за да учествуваат во носењето на законите. И Зоран Заев доби пратеничко столче.

Пратеници остануваат Африм Гаши, Зијадин Села, Билал Касами… Повторно во Собранието ќе го гледаме  и Горан Мисовски и Соња Мираковска од НСДП, Панчо Минов , Јован Митревски, Мухамед Зекири, Иван Стоилковиќ, Ане Лашкоска, Никола Мицевски. Од ВМРО-ДПМНЕ како пратеник се враќа и  Александар Николоски, кој не беше во минатиот состав.

Судејќи според она што претходно се случувало во законодавниот дом и овој пат најверојатно ќе има  пратеници  кои за неизустен збор, секој месец  ќе си земаат плата од над 1000 евра .По тоа се познати  лидерите на ДУИ и ДПА, односно Али Ахмети и Мендух Тачи, кои досега ретко се појавуваа на седници, а уште поретко дискутирале.

Од кандидатите за пратеници кои влегоа во новиот собраниски состав, 79 се мажи, а 41 пратеници жени. Доколку се спореди со претходниот собраниски состав во кој имало 75 пратеници мажи и 45 пратеници жени, ќе се види дека во овој собраниски состав повеќе доминираат мажите.

Инаку според истражувањата народните избраници за еден ден поминат во Собранието прават трошок од 12.000 денари.

За секој закон трошат по 3.300 евра, додека секое притискање на копчето за гласање од страна на пратениците, државата ја чини 1.450 денари.

Според една анализиа на Центарот за истражувачко новинарство Скуп Македонија, просечниот трошок што го прави еден пратеник дневно е 11.913 денари.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста