Стариот го погреба, новиот поглавар на ИВЗ го воскресна корона вирусот

Нов реис – нови откритија. Откако разрешениот поглавар на ИВЗ – Сулејман Реџепи, го прогласи коронавирусот за мртов, неговиот наследник Шаќир Ефенди Фетаи го оживеа.

„ИВЗ од првиот момент е во служба со цел да замине оваа болест која е вистинска, бидејќи сите компетентни органи во целиот свет потврдиле дека оваа болест постои и многу е опасна. И нема шега со оваа работа. Ние сме верска институција. Не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или невистинска.“ – вели поглаварот Шаќир Фетаи.

За разлика од неговиот наследник Сулејман Реџепи го погреба вирусот.

“И да знаете дека ковид-19, можам слободно да го прогласам дека е умрен од денес. Го победивме и затоа сме тука пред џамијата.” – изјави Сулјеман Реџепи, поранашен поглавар на ИВЗ.

Новиот Реис вети транспареност и соработка, но сепак не ги откри причините поради кои беше разрешен Сулејман Реџепи, ниту пак, упати осуда за неговите постапки во минатото.

Во изминатиов период ИВЗ ја следеа одредени афери за финансиското работење како и за како со неа управувал претходниот Реис.

Антикорупциска најави дека ќе бараат одговорност од раководството на Централниот регистар бидејќи од ИВЗ пет години наназад не е поднесена завршна сметка а ракодовството не превзело ништо околу очигледното кршење на законите и процедурите.

 

Ања Василева 

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста