„Стара Систина” и натаму блокирана – знаат ли во Владата кој за што е надлежен?

Старата Систина останува блокирана. Но не затоа,што не е подготвена, туку, поради хаосот со ингеренциите на инстиуциите,  и комплетната некоординираност,  за тоа – кој за што е одговорен. Првиот човек на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој треба да го потпише договорот со приватните болници, не упати, одговор да бараме во Министерството за здравство,  од каде, пред два дена рекоа, дека за договорот е надлежен, токму Ангелов, МВР и Министерството за транспорт. Ангелов пак, денеска отворено призна: од почетокот на кризната состојба, кризниот штаб, освен што ја вклучил армијата во поддршка на полицијата, не направиле ништо друго.

“Прогласувањето на кризната состојба е само еден континуитет и ние немаме ништо специјално напрвено овие денови. Освен формирањето на главен штаб што е во постојано заседание. Ќе го поминеме ова формално овој нацарт договор и веднаш потоа ќе биде донесена одлука за соработка со приватните здравствени установи.Се работи само за формално правна техникалија што ќе одземе неколку часа.” – вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Тука не завршува префрлањето на топката на надлежните. Откако се увиде дека општинските служби и надлежни безбедносни претставници немаат направено увид дали локацијата е погодна за резервоарот со кислород, и за ова не се знае кој сега е одговорен. Градоначалникот на Карпош не се чувствува надлежен да утврдува која локација е законска за да се постави резервоарот.  

“Остана обврската МЗ заедно со секторот за оружје и експлозиви и технички гасови и Министерството за транспорт треба да ги изнајдат решенијата како да се постави резервоарот со кислород.” – изјави Стефан Богоев, градоначалник на о. Карпош.

Додека, договорот со стисната рака помеѓу министерот за здравство Филипче и првите луѓе на приватните болници уште го нема на хартија, а во меѓувреме се брзаше за прогласување на кризна состојба, сега, одеднаш ковид центарот “Мала Богродица” излезе непотребен. Вака се изјаснија здравствените власти, па останува прашањето зошто воопшто се прогласи кризната состојба?  

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста