Станишев: Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и СДСМ

Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и социјалдемократите во Македонија, вели поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев, а сега претседател на Партијата на европските социјалисти. Тој информираше дека неделава имал состанок со лидерите на партиите членки на ПЕС од Западен Балкан. Заев таму порачал дека доколку СДСМ победи на изборите, на најдобар начин ќе ги спроведат Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

-Бугарија е национално заинтересирана за победа на Зоран Заев и социјалдемократите, затоа што антибугарската националистичка реторика припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Тие продолжуваат со неа дури и сега. Договорот со Бугарија беше замрзнат со години, за неколку месеци тој го одмрзна и го потпиша. Го презеде ризикот, вели Станишев.

Инаку, токму Бугарија сега стана најголемата пречка на Македонија на евроинтегративниот пат. Услов стана откажување од македонскиот јазик и македонското малцинство, како и голем дел од нашата историја, за Бугарија да не стави вето на претпристапните преговори. Дека договор со источниот сосед за историските прашања е клучен, стои и во ставот 9 од Декларацијата на мајскиот самит на ЕУ во Загреб. Шефицата на бугарската дипломатија пак прашува што е проблем да се каже дека македонскиот јазик датира од 1947 година и се базира на бугарскиот.

-Во Македонија, тие можат нивниот јазик да го нарекуваат како што сакаат, но кога го потпишавме Договорот уште во 1999 година и кога станува збор за потпишување други договори и билатерални формати, треба да се почитува тоа што е запишано, нагласи бугарската министе.

Вицепремиерот за европски Бујар Османи, пак Македонија има потпишан договор со Бугарија кој мора да се имплементира.

-Ние сме свесни дека имаме потпишано договор за добрососедски односи со Бугарија, имаме потпишано Преспански договор со Грција и таму има работи што треба да се имплементираат, изјави Османи.

Опозицијата пред 10тина дена објави бугарски документ, кој беше криен од страна на власта, а стана и дела од официјалните документи во ЕУ.Во него Бугарија бара Македонија да се откаже од македонскиот јазик, малцинството, голем дел од својата историја, што значи и признавање дека Гоце Делчев е Бугарин.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста