ССМ на 1 мај на протести – бараат линеарно зголемување на платите за 2.806 денари

Ако работникот трпи штета, ќе трпи и цела држава. Најголемиот синдикат во Македонија се закани со генерален штрајк. Првиот човек на ССМ Дарко Димовски за Алфа рече дека ако до 1 мај не се исполнат барањата за раст на сите плати за 2.806 денари, протестите ќе се радикализираат. Наместо првомајски марш, вели Димовски, за денот на трудот ССМ ќе организира масовни протест кој ќе премине во штрајк и парализирање на цела држава.

  • За Вашата телевизија еве пак ќе кажам: Генарлен штрајк ќе значи сите оние синдикати кои се органзирани во ссм и онаму каде што ќе има членство ќе прекинат со процесот на работа во работно време. На сите нека им е јасно – ако трпи работникот штета, ќе трпи целата држава, ќе трпат сите работодавачи,сите институции штета, вели за Алфа Дарко Димовски, претседателот на ССМ.

Синдикалната кошничка во март достигна 36.768 денари и е за 920 денари повисока од јануарската. Синдикатите велат дека инфлацијата ја изеде работничката плата.

  • Нашето барање е едноставно, платата на секој еден вработен – од хигиеничар до директор, да се зголеми за 2.806 денари. Ако не се исполни ова наше барање, ќе се радикализираат и нашите дејствувања, а првомајскиот протест ќе прерасне во генерален штрајк, што значи и прекин на работата од страна на работниците, додаде Димовски.

Во меѓу време, втор ден трае и протестот на Синдикатот на УПОЗ. Работниците во дражавните институции, министерства, судови и општини не работеа од 10 до 12 часот и протестираа пред институциите.

  • Кога имате закон за минимална плата, зошто треба да се измени друг закон за да се добијат 18.000 денари минимална плата? Нема логика правна никаква. Значи државата, не знам кој го советува премиерот искрено да ви кажам, не знам министрите што прават, не знам тие раководители на финансии што прават. Имате закон за минимална плата кој важи за сите вработени во државата. Без разлика дали е јавен сектор дали е приватен сектор. Какви се овие, можам да кажам слободно игри? Зошто Владата не си ги почитува сопствените закони не знам. Јас да сум на место на премиер, мене да ми се случи ова, јас би ги разрешил сите министри во пет минути, вели Трпе Дејаноски, претседателот на УПОЗ.
  • Ова е прв пат јавните обвинителства и вработените на некој начин да им дојде преку глава за да мораат да излезат надвор и да побараат усогласување со минимална плата. Значи ја иозвестуваме јавноста дека ние не бараме покачување на плата, него ние вбараме да се почитуваат законите, рече Изабела Илиева, од Синдикатот на јавни обвинителства.

Синдикатите се лути се дека надлежните ги игнорираат нивните барања и не ги почитувата законите. И денеска ваква беше сликата пред државните институции.

Од Сојузот на синдикатите велат дека од ден во ден расте незадоволството кај вработените. Уште од сега ги повикаа не само членовите на ССМ, туку и сите работници, па и пенизонери да излезат на улица на 1 Мај и да ја покажат својата моќ и незадоволство од глувиот однос на државата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста