Српските туристи искористија 84.000 бесплатни картички за патарина вредни 1,2 милиона денари

Близу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи кои транзитираа низ државава на патот кон Грција. На граничниот премин Табановце Србите добиваа бесплатни Смарт картички за да ги преминат патарините низ нашата држава по коридорот 10, како благодарност за отстапените бесплатни вакцини и вакцинација на нашите граѓани во Србија.

Во мај годинава Владата одлучи за српските возила што транзитираат низ Македонија во периодот од 15 јуни до 15 август да одвои околу 2,8 милиони евра за изготвување на 200.000 примероци. Но, бројт на поделени картички беше помал, односно околу 84.000, вредни 1,2 милиона денари, со што неискористени останаа повеќе од 1,5 милиони од планираните средства.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста