Српските медиуми пренесуваат нова наводна закана од Боки 13 за премиерот Заев

Нова закана од Боки 13ка упатена до Заев, пренесуваат повторно српските медиуми. Овој пат, 13ка се најде како главна вест на порталот Курир.рс, кој пишува дека првоосомничениот во Рекет, Бојан Јовановски, барал да го однесат на психијатрија во спротивно ќе пропеел за наводна вмешаност на Владата во рекетирањето.
Како што пишува Курир.рс , Јовановски дал рок од 3 дена да го исполнат неговото барање, инаку 13ка ќе објавел круцијални докази против премиерот Зоран Заев доколку не го сместат во здравствена установа.

Екипа на Брза помош секој ден доаѓа кај него во скопскиот затвор Шутка. Тој нон-стоп се жали дека не му е добор, докторите редовно го прегледуваат, му даваат инекции за смирување…Деновиве упати порака до државниот врв. Бара да се премести во психијатриско одделение во болница. Имаат рок од три дена, во спротивно, тврди дека ќе ги изнесе цврстите докази кои ги поседува за вмешаноста на Зоран Заев и неговите соработници во неколкумилионска корупција, вели изворот од Скопје за српски „Курир“.

Изминатиов период откако е екс ријалити sвездата е осомничена за случајот Рекет, речиси секојдневно се појавува на насловните страници на српските весници. Во викенд изданието на српски телеграф главна вест е, како што тврди весникот, дека во телефонот на 13ка се пронајдени пишани пораки и експлицитни фотографии од српски политичар, кој доаѓал во Скопје за интимни дружби со Јовановски, а пак на насловната страница е испишан наслов со големи букви : Боки 13ка оргијал со политичар од Србија.

Минатата недела Боки се појави и на насловните страници на Информер, Курир, на порталите ало.рс , република.рс….

Во српските медиуми беа обајвени инфомации во кои се тврди дека наводно Боки се заканил дека ако му фали влакно од косата ќе падне Владата на Заев, како и дека доколку не го пуштат од притвор, Јовановски ќе објавел информации како краделе Заев и Харадинај, но и дека поранешниот екс менаџер, а сега советник на Заев, Зоран Башановиќ е замешан во случајот Рекет.

Останува отворено прашањето, зошто со толкав интензитет српските медиуми пишуваат за Боки 13ка и кој е линкот кој ги пренесува наводните инфомации од Шутка?

Додека српските медиуми на големо пишуваат за случајот Рекет, Критинк.мк изготвиле анализа во која поголем дел од вестите за случајот, ги класифицираат како дезинформации.

Meри Ѓорѓиевска