Српски Новости:Луѓе од српското подземје купуваат земјиште за одгледување канабис во Македонија

Најмалку пет луѓе од српското подземје купиле земјишта во Македонија за да одгледуваат канабис за медицински потреби во соработка со „македонски колеги“. Контроверзен бизнисмен вложил десетици милиони евра во насади. Оваа скандалозна информација ја открива  српскиот весник Novosti.

Еден контроверзен бизнисмен од Србија до сега вложил неколку десетиви милионо евра во тиа насади, Најпрвин со македонски партнер купил земја, потоа ја обработиле како треба, но обезбедиле и жица и капија. Имаат и 24 часовно обезбедување, што е еден од законските услови. Направено е и вештачко наводнување, и заштита од временски непогоди, пишува весникот повикувајќи се на извори блиски до српските разузнавачки служби.

Како бекграунд медиумот ја наведува изјавата на премиерот Заев во која ги повикува сите што имаат пари да вложат во производство на лек олд канабис, бидејки тоа било профитибилно. Според „Новости“ први влетале српските криминалци, но во текстот подолу дополнуваат за привлечниот македонски бизнис се одлучиле и луѓе со сомнителни компании во Србија.

Имено весникот тврди дека по стапките на Србинот кој го скршил мразот во Македонија тргнале и нарко-босовите, некои од нив и зад решетки.

Додека на вистинските бизнисмени им требаше време да реагираат на новите потреби на пазарот, луѓето од другата страна на законот, внимателно ги следеа медиумите, особено кога станува збор за промена на прописите за легализација на марихуаната во медицински цели- пишува „Новости“.

Алфа ја праша Владата дали го демантира ова што го пишува српскиот весник. Од таму не негираа категорично, само објаснија дека сите фирми за одгледување на канабис дозволите ги добиле заслужено:

Согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции  дозволено е одгледување на канабис во медицински или научни цели. Одгледување растение и производство на екстракт од марихуана може да врши секое правно лице кое исполнува одредени услови кои се предвидени согласно Закон. Во Република Северна Македонија, досега се издадени 27 лиценци за производство за одгледување на канабис за медицински цели.

Од Влада дополнуваат што треба законски да се исполни за да се стане одгледувач и тврди дека „сите 27 правни лица кои поседуваат лиценца за производство на канабис за медицински цели ги исполнуваат законските услови и стандарди“. Тврдат дека имаат целосна контрола над одгледувачите и секаде каде што ќе затекнеле нелегалности „ќе следеле соодветни казни“.