Среќни сме што сме живи-исповед на тетовско семејство кое го победи коронавирусот

Среќен сум што сум жив,го живеам мојот втор живот-со овие зборови тетовецот Саше Серафимовски ја започна својата приказна за искуството со коронавирусот.После речиси четири недели лекување,дочекал два негативни теста.Сеуште се чувствува слабо, но, закрепнува.Најпрво дома, па две недели се лекувал во 8-ми септември.Деновите минати таму, и се она што го видел, нема никогаш да го заборави,исто како и пожртвуваноста на медициснкиот персона

-Јас никогаш не сум бил болен,тие први шест дена во 8-ми септември, за цел живот ќе ги паметам, беше страшно, многу кашлање, тешко дишење, бев на кислородна поддршка..После седмиот ден ме префрлија на полесен оддел..Сестрите, докторите, можам да кажам Господ да им е на помош, колку се залагаат околу секој пациент буквалн- изјави Саше Серафимоски

Позитивна на вирусот била и неговата сопруга.Но, Маре, која и самата е медицинско лице,раскажува дека поминала со поблаги симптоми на домашно лекување. Позитивните мисли и смиреноста се вели, клучни.Сепак,порачува дека ова е сериозно и така треба да се однесуваат и луѓето.

-Страшно е тоа кога ќе отидете во болница и ќе видите дека комбето од бутел чека долу…тоа е тежок психолошки момент..а вие сте таму, или носите некој близок, или вас ве сместуваат -изјави Маре Серафимоска

Своето искуство со вирусот Саше го споделува, токму за да укаже на свесноста на луѓето, дека ова не е шала.Тој ја имал среќата, се да заврши добро.

-Јас сум благодарен што сум жив едноставно.Затоа што вирусот удира одненадеж, мислиш дека си добар, во еден момент удира на бели дробови, не знам веќе што и прави големи проблеми.- дополнува Серафимовски

Саше и Маре ја добија битката со коронавирусот, но ова велат не значи дека треба да бидат опуштени.Вакво искуство не посакуваат никому,токму затоа и порачуваат- сите да се однесуваат одговорно.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста