Средношколците со ултиматум: Во ноември бојкот, доколку не се најде начин да физичко присуство

Бојкот на наставата во ноември, ако не се дозволи комбиниран модел на учење. Од Сојузот на средношколци со ултиматум од еден месец до министерката за образование да дозволи постепено враќање на учениците во училница, ако остане стабилна епидемиолошката состојба.  

  • Нашето најважно суштинско барање, учебната година да започне со комбиниран модел не е прифатено од органите за образование и Владата. Сојузот на средношколци веќе со недели е во постојан контакт со средношколци од сите градови и постигнавме консензус за следните чекори на Сојузот. Направивме компромис почитувајќи ги епидемиолозите, учебната година да започне од далечина, но доколку епидемиолошката состојба во текот на месец октомври е стабилна, тогаш учениците треба постепено да се враќаат во училиштата со комбиниран модел, во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира онлајн наставата во ноември. Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче, потенцираа од Сојузот на средношколци.
  • Во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира наставата во ноември. Ова не треба да се сфати како компромис, туку како ултиматум од еден месец до министерката Царовска и министерот Филипче, истакна претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, на прес конференција пред зградата на Министерството за образование и наука.

Средношколците реагираат и дека службите не смеат да си играат со образованието. МОН имало доволно време од април да ги решат сите пречки за онлајн наставата, и дека ќе мора некој да преземе одговорност од Министерството за образование.

Сепак, како што посочија, институциите на нивно барање се согласиле учебната година да почне од 1 октомври, праксата да се одвива со физичко присуство, а домовите да профункционираат со половина од капацитетите.

Средношколците велат дека е неопходна вистинска дигитализација во образованието. Онлајн наставата, велат, дополнително ги погодила најранливите групи, а речиси 40.000 ученици не можат да си дозволат учење на далечина.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста