Средношколците од Струга на протест

“Ние не сме лабараториски глувци, сакаме училиште, стоп за онлајн наставата”-извикуваа струшките средношколци кои првиот ден од учебната година го поминаа на улица,протестирајќи бидејќи не го подржуваат учењето на далечина. Наставата ја бојкотираа само учениците кои следат настава на албански јазик во гимназијата “Ибраим Темо”  и средното “Нико Нестор”.

-Нема да отстапиме велат учениците, се додека не удоволат на нашите барања.Протестот тврдат нема политичка позадина, иако не им се приклучија соучениците македонци,секој одлучува за себе-додават тие.

Го бојкотираме учењето онлајн затоа што не е добро за иднината и на државата и на секој од овие што се тука.Немаме услови за онлајн учење.Јас и да не бојкотирам 7 од моите пријатели во мојот клас немаат услови за онлајн учење.И јас живеам во село, таму нема добар интернет; 2.Имаме комјутери ама немаме за сите, пример некој има 3 деца и нема за сите комјутер  

Директорот на “Нико Нестор”  вели дека е изненаден од одлуката на учениците да бојкотираат.

Јас претходно имав разговор со учениците точно можеби со овие ученици што ете слушам дека бараат да има што поголем број на физично присуство на паралелки во училиштето.Јас им објаснав дека тоа не го одлучува училиштето, изјави Миле Попоски –директор на “ Нико Нестор”-Струга

Среношколоците протестот го завршија пред општинската зграда, каде добија поддршка и од гратската власт.

Во средно видовте дека има протест ама и во основните, родителите повеќе протестираат тие не се излезени тука,но протестираат и не се вклучуваат на платформата.Една од причините еве ќе ви кажам е што и во моментов во неколку села нема електрилна енергија,како може да тече оваа настава, изјави Дашмир Насуфи-раководител на сектор за образование

Ако има потреба ќе се сретнеме и со министерката и ќе побараме да ни образолжи  зошто ако може по кафетерии, дискотеки и  по улици да се собираат децата, зошто не може во училиште да следат настава каде што треба да има ред -вели Насуфи.

Инаку во училишните клупи денеска се појавија македонските ученици кои со физичко присуство следат само практична настава, како и албанските ученици од угостителскиот смер кои имаа исто така имаа пракса.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста