НАЈНОВИ ВЕСТИ

Средношколците не попуштаат, бојкотот на матурантите влегува во втора недела

Списокот со наставници и директори на средни училишта кои им вршат притисок на матурантите поради нивниот бојкот се подготвува и наскоро ќе го објави средношколскиот сојуз. И покрај притисоците, бојкотот на наставата продолжува се додека се додека надлежните не изнајдат решение за кратење на наставната програма по која ќе се полага матура. Претставници на сојузот остварија средба со претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт Жаклина Лазаревска но не постигнаа договор. Велат дека претседателката не покажала интерес за нивните потреби.  Средби имаа и со пратеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за Албанците кои целосно ги поддржаа.

Над 12 000 матуранти ја бојкотираа наставата. Пратениците заедно со министерката за образование не треба да дозволат повеќе да изгубиме од наставата – изјави претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи.

Средношколците го отфрлаат правдањето на министерката Царовска дека 14 000 матуранти се пријавиле да полагаат државна матура, оти тоа е законска обврска. Претставувајќи десетина аргументи зошто бараат да полагаат со скратена наставна програма , ја повикаа Царовска да излезе со ист број на аргументи зошто да полагаат по веќе постоечкиот модел.

Вчера подготвивме десетина аргументи зошто треба да се модифицира државната матура и ја повикуваме министерката да излезе со 10 аргументи зошто ние оваа учебна година, оваа генерација треба да полага државна матура со четири предмети– вели Ходаи.

Средбите на средношколскиот сојуз со пратеничките групи продолжуваат. Стигна поддршка и од Левица кои ја обвинија министерката за образование за игнорантскиот однос и побараа итно да најде решение. Средношколците најавија дека ќе продолжат со бојкот се додека ресорното министерство не ја скрати наставната програма. Велат дека е неприфатливо да ги полагаат сите предмети оти цела година се соочуваат со потешкотии со онлајн наставата, имаат скратени часови и отежната комуникација со професорите.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста