Средношколци развија онлајн платформа за полесно учење

По целосното фијаско на државата во однос на образованието, Група од десетина тинејџери од 13 до 17 години , ученици во основно и средно училиште, сами решија да создадат платформа за полесно учење. Платформата наречена ODAS Education, е наменета за сите ученици во Македонија и таа може да се користи како дополнителна алатка на постоечката платформа затоа што овозможува учениците индивидуално да го подобрат своето познавање на предметите, раскажуваат за Алфа младите ученици. За разлика од министерството за образование кое чекаше до последен момент, децата идејата ја добиле уште од март годинава.

Ние со изработка почнавме со изработка во мај, а националната платформа се потготви многу подоцна, не се споредливи. Но, неможеме тука да ги споредуваме, бидејќи не се споредливи. Националната платформа си има свои користи како директна комумација со професорот, директно оценување, и.т.н. додека наречена ODAS Education  се состои од веќе направени лекции кои имаат за цел да им помогнат на учениците во учење. Значи како примарно учење, комуникација и оценување доаѓа националната платформа а како учење лекции доаѓа ODAS Education – вели Анисија Угриновска.

Платформата во моментов нуди материјали и видеа по сите предмети од првата и втората година од средното образование. Преку тие материјали и видеа учениците освен онлајн наставата што се следи преку националната платформа, ќе можат дополнително да учат ако нешто им останало нејасно од предавањата. Таа е многу лесна и едноставна за користење, а нејзините создавачи најавувата дека дополнително ја надоградуваат со материјали за сите одделенија.

Со три или четири кликови може да дојдете до самото видео. Кога ќе го отвите сајтот се наоѓате на сајтот дома. Потоа одете во услуги, во услуги се прикажуваат сите наши услуги. Прва, втора година средно и останати претмети и слично- вели Филип Најдовски. 

Ваква платформа и недостигаше на Македонија, бидејќи ние немавме сајтови на кои има доволно информации на македонски јазик.

Јас секогаш сум сакала да има македонски извори за овие работи. Јас кога треба да работам на проекти, не одам на македонски извори. Одам по англиски, некогаш користам други извори. А кога веќе имаме ваква платформа за учење веќе има извори на македонски јазик за да може од нив да направиме проекти-рече Бисер Ѓуровска.

Учениците задоволни од она што го создале и рекацијата која ја добиле од своите соученици. Министерството за образование сеуште ги нема контактирано овие успешни млади создавачи на платформата која може да биде алатка во учењето на далечина со оглед на најавите дека учебната година основците и средношколците ќе ја поминат пред компјутер.

Во тимот се Анасија Угриновска, Сергио Узеир, Филип Најдовски, Софија Тодороска, Дамјан Божиновски, Бернарда Малевска, Бисера Ѓуровска,Инес Негриеска, Ина Ѓоргиева и Сашка Костовска.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста