Средношколците од Штип на протест бараат да се врати училишниот превоз

Со скандирање стотина средношколци од Пробиштип, Свети Николе, Виница, Кочани, Радовиш побараа да се врати стариот закон за училишен превоз, во спротивно најавија бојкотирање на наставата. Објаснуваат дека со измените нема повеќе ученички превоз од дома до училиште. Сега се принудени да патуваат исклучиво со редовни автобуски линии, така што голем дел од средношколците или стопираат или добиваат неоправдани.

Средношколците добија поддршка и од автопревозниците кои тврдат дека со измените во законот за бесплатен училишен превоз донесени во 2018 година околу двесте превозници од целата држава ќе останат без работа.

Од Општината категорични дека средношколците се изманипулирани и стариот закон со кој им беше обезбеден превоз од дома до училиште, не може да се врати

Средношколците најавија протести и бојкотирање на наставата. Со овој проблем директно се засегнати над 1000 ученици од регионот.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста