Средношколците не се откажуваат

Средношколците не се откажуваат од борбата за чист воздух. Дел од учениците од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ се собраа и денеска во обид да ги потсетат надлежните.

Тие не гледаат голема надеж кај надлежните. А некои не сакаа воопшто да коментираат дали наставниците и раководството ги поддржуваат.

Се погласни се и експертите. Александар Митов кој важи за познавач на здравиот живот и исхрана вели оти изворот на загадувањето може да се утврди, но кому му одговара да остане вака?

„АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ОСТАВА “ОТПЕЧАТОЦИ ОД ПРСТ”
т.е. многу прецизно може да се одреди изворот на загадувањето!
Честичките 2.5 и 10 (ПМ – particulate matter) имаат свој хемиски состав.
Преку анализа на тој хемиски состав може речиси 100% да се одреди ИЗВОРОТ и потеклото на загадувањето.
Голема студија, со примероци од цело Скопје, прецизно ќе каже КОЈ и КОЛКУ загадува.
И ќе нема простор за чудење, вели Д-р Александар Митов.

Дали и после 2 години владеење надлежните пред самиот крајот на мандатот ќе го одржат најголемото ветување- да најдат решение за загадениот воздух?

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста