Средниот бек Лово Јотиќ последно засилување на РК Вардар пред подготовките за новата сезона

Хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ е нов играч на ракометниот тим Вардар. Средниот бек досега го носеше дресот на Еурофарм Работник, а во иднина ќе биде дел од скопскиот состав кој вчера ги доби противниците во групата од новото издание на ракометната Лига на шампиони. 25-годишниот Јотиќ  би требало да биде последно засилување за вардарци кои на 18-ти јули треба да ги започнат подготовките за она што им претстои во новата сезона. Вардарци освен во домашното првенство и СЕХА лигата ќе се натпреваруваат повторно и во Лигата на шампиони, новото раковсотво на клубот предводено од Михајло Михајловски најави дека екипата ќе се обиде да биде колку што е можно конкурентна во сите натпреврувања, но стави до знаење дека буџетот ќе биде помал во однос на оној со кој рапсолагаше тимот додека претседател беше Сергеј Самсоненко.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста