Среде пеколно лето Штипјани се без вода

Половина Штип на изгор температури остана без вода. Граѓаните револтирани, реагираат бидејќи на  40 степени повеќе од 24часа чешмите им се суви. Велат недопустливо е во 21век да  не можат да си ги извршуваат основните хигиенски навики

 „Катастрофа како да сме во правобитна заедница! Во која куќа да влезеш мириса. Вака е веќе втор ден, а како ќе биде понатаму не знеме. Нервоза има..Кај комшијата одам да наполнам вода за да пуштам во тоалетот„-се само дел од коментарите на граѓаните.

Распукана цефка на главната линија 1 е причина за градот да остане без вода, велат од Ј.П.Исар од каде што ветија дека проблемот со водата ќе биде надминат во попладневните часови. Дополнителен проблем преставувале и каблите за струја кои се наогале покрај цефките, па поради тоа работниците копале и на рака.

  „Тука имаше распукани цефки, стари речиси 50години. Цефките се многу стари и треба да се менуваат. Потрошувачката на вода изнесуваше над 600литри во секунда и за кратко време Филтер станицата се испразни, поради што не можеше градот да го снабдува со вода„- изјави Здравко Коцев, директор на ЈП Исар-Штип.

За состојбата со водоснабдувањето реагираа и штипските опозицинери кои од  актуелното раководство побараа да си даде оставка 

На истото место ваква хаварија се случи пред осум месеци кога поради силниот притисок  пукна дел од бетонската цефка. И тогаш градот речиси два дена беше без вода. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста