Среде пандемија, општина Прилеп и локалните социјал-демократи во засилени хуманитарни акции за најзагрозените граѓани ?!

Во време на пандемија со 50 заразени прилепчани, целосно незаштитени граѓани од ромската населба „Тризла“, иако важи за една од најзапуштените и со бројни егзистенцијални проблеми, вклучувајќи ги и субстандардните услови за живот на жителите, пред два дена примија хуманитарна помош од Општина Прилеп.

Според истиот принцип, од вчера и ОО на СДСМ започна со повеќедневна хуманитарна акција – „Сите против Короновирусот“, наменета за помош на 1000 семејства од социјален ризик, пришто првите 100 пакети со храна и хигиенски средства ги подели претседателот на ОО на СДСМ и на Советот на општината, како и кандидат за пратеник, Миле Талевски.
Од друга страна пак, откако Советот на општина Прилеп, пред два дена одби да го прифати сетот мерки за превенција, предложен од опозициската советничка група, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во овие хуманитарни акции препознаа политичко поентирање, па денеска побараа Обвинителството да се позанимава со тоа како и на кој начин биле обезбедени овие донации.
Инаку, Советот на општина Прилеп на последната седница изгласа и анекс на Договор за изградба на мост вреден 500.000 евра, во вредност од нови 230.000 евра.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста