Среде пандемија Охрид остана со еден кардиолог

Петнаесет вработени во охридската болница за кардиоваскуларни болести од кои 6 доктори,уште толку помошен медицински и технички персонал,административци и кувари, се заразени со коронавирус. Во моментов целиот југозападен регион се потпира на само еден интервентен кардиолог. Болницата во која се вршат најмногу прегледи во јавното здравство и во која се лекуваат пациенти со најтешки кардиоваскуларни заболувања,не само од регионов туку и од соседните држави, сега не ќе може да одговори на потребите на пациентите.Сите термини од платформата “Мој термин” се откажано на неопредело време. Со ова,се обистинија стравувањата на докторите одспецијална болница “Свети Стефан” кои укажуваа дека оваа јавна здравствена установа не сме да биде наменета за третман на заразени со ковид,оти тука се лекуваат пациенти кои се наоѓаат во животозагрозувачка состојба.

Ваквата состојба , за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти – велат од ЈЗУ „Свети Стефан“

За состојбата во болницата бил информан и ресорниот министер како и Државниопт здравствен и санитарен инспекторат. Инаку Охрид е еден од најпогодените градови со висока застапеност на бритинската мутација.Во моментов во охридската општа болница има 55 хоспитализирани пациенти,добар дел од нив се на кислородна поддршка.

Вие во 5 згради имате позитивни,така да  тие 5 згради огромена е шансата да заразат и друг персолал.Иначе имаме ние позитивни на интерно, на нервно,во хируршките гранки – изјави др. Горан Балески – директор на општа болница Охрид

Ваквата состојба се должи на непридржување на мерките, една година охридските болници ги полнат ковид пациенти-велат лекарите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста