Среде пандемија и економска криза, стопанството алармира дека тешко му оди наплатата на државните пари
Бизнис заедницата достави до власта список со барања во кој се наведени сите критични пунктови на кои мора да се работи, посебно во пост Ковид периодот. Стопанствениците се пожалија дека не можат да си ги наплатат долговите од државата, но згора на се – на глава им тежат и други проблеми.
Овие барања, според Стопанската комора, ќе помогнат за системско решавање на проблемите со компаниите за да преживување на економската криза.
- Сега се вистинско време да се воочат отворените прашања, ургентни потреби, кои на подолг рок ќе придонесат кон заздравување. Оваа брошура, според стопанството ќе придонесат да имаме посилна економија, затоа мора заедно да работиме на тоа, и кон придвижување на бизнисот во нашата земја, велат од Стопанската комора на Македонија.
Сузбивање на сивата економија, како и долгорочно одржливо решение на прифатниот сектор, пред се, се дел од сугестиите на Стопанската комора како земјава полесно да се справи со кризата. Од таму велат дека фокус треба да се инвестициите, извозот, и институциите.
- Преку институциите треба сите овие активности да се спроведат и тие треба да се партнер на економијата во спроведување на економските политики. Важно е сите институции, сите свои трошења на средства да се наменат за македонската економија и македонските фирми. Како сите други држави што се вртат спрема својата економија овој период, така и нашата држава треба да се сврти колку што може повеќе кон својата економија, истакна Кочо Анѓушев, потпретседател на Стопанска комора.
Во исто време кога стопанствениците објавуваат брошура како бизнисот да излезе го ублажи ударот, сопственикот на компанијата „Брако“ и екс вицепремиер во Владата, се пофали дека неговата компанија ќе биде дел од милионскиот колач за изградба на монтажните болници. Освен „Брако“, во изградбата ќе се вклучи и валандовската „Ари и Том“ кои ќе градат модуларни болници во 17 општини низ земјава, со околу 3,5 милиони евра од Светска банка.
Колкав е ударот од кризата покажуваат податоците дека среде пандемија без работа останале 40.000 луѓе, што покажува дека владините мерки малку помагаат за стопанството да се одржи во живот.
Борис Грујоски