Средба Орбан-Вучиќ: Отворена е кредитна линија за економска поддршка на српските компании во Унгарија

Отворена е кредитна линија за економска поддршка на српските компании во Унгарија. Денеска по средбата премиерот на Унгарија, Орбан, и српскиот претседател Вучиќ ги потврдија пријателските односи меѓу двете земји кои ќе продолжат во иднина. Унгарскиот премиер оцени дека комуникацијата со Србија била добра, иако не била практика во минатото.

Имаме и заедничка конструкција на гасоводот, од сега ќе има не само едностран гас од Унгарија до Србија, туку и обратно. Резултатите од српската економија се очигледни и ќе треба да дадеме се од себе за да продолжиме со вашиот развој. Во односите со ЕУ, сметаме на Србија, која се здоби со голем углед, и навистина многу го поздравуваме. Гледаме дека станува се посилно и посилно и дека ќе може да придонесе за развој на целиот регион – рече премиерот на Унгарија-вели Виктор Орбан – премиер на Унгарија.

Орбан рече дека во првата фаза од борбата против коронавирусот, сите членки на ЕУ биле зафатени со своите проблеми, нема координација, но додаде дека очекува дека во втората фаза ќе биде многу поуспешна.

Благодарам за исклучителните билатерални односи, а работата на сите во иднина ќе биде да ги зачуваме тие односи и да се грижиме за нив. Им честитам на Унгарија за успешната борба против коронавирусот, како и за економските резултати. Очекувам пријателски натпревар во борбата околу тоа кој ќе има најголем економски раст – заклучи Вучиќ.

Според Орбан битката за рестартирање на економиите допрва почнува.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста