Средба Николоски – Вархеји: Местото на Македонија е во ЕУ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска од Брисел порача дека по парламентарните избори ќе се работи ден поскоро Македонија да стане дел од европското семејство. Тој во рамки на посетата на Европската Комисија се сретна со комесарот за проширување, Оливер Вархеји. Исто така имаше и средба со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти.
“На двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ.
Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ, тоа го нагласив.
И после осми мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ” – порача Николоски.